Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Марк Овермарс направи скандал кој го потресе Ајакс. Тој во претходните години беше спортски директор во тимот од Амстердам, но на крајот направи нешто поради кое го уништи постигнатиот успех.
Ајакс вчера ги изненади сите со објавата дека Овермарс заминува од позицијата на спортски директор, откако решил да го напушти клубот, а на многумина не им беше јасно зошто донел таква одлука.
Тимот од Холандија објави дека Овермарс им испраќал непристојни пораки на некои жени кои работат во клубот, по што тие го пријавиле, па во преговори решиле да го раскинат договорот.
„Овермарс донесе одлука да го напушти клубот по разговорите кои ги имавме во претходните денови. Тоа се случи поради непријстојни пораки кои ги испраќал на некои жени во клубот“, соопшти Ајакс.
Director of Football Affairs Marc Overmars will leave Ajax with immediate effect. He made this decision after discussions in recent days with the Supervisory Board and CEO Edwin van der Sar and communicated his intentions to them.
— AFC Ajax (@AFCAjax) February 6, 2022