„Овие судии се циркузанти! Вакво нешто немам видено во животот…“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватска во полуфиналето на ракометното Европско првенство ја победи Норвешка со 29-28 и во недела од 16.30 часот ќе игра за златниот медал против Шпанија.

Екипата на Лино Червар ја исфрли Норвешка по две продолженија, а до победа стигна со голот на Жељко Муса во последните секунди од средбата.

Стручните коментатори во „РТЛ“ студиото Драго Вуковиќ и Перо Метличиќ го коментираа судењето на шпанскиот судиски пар.

„Овие двајца судии покажаа дека се циркузанти. Такво нешто во животот не сум видел. Постојано навиваа за Норвешка, а некои одлуки имаа смисла. На почетокот Дувњак беше казнет поради играње со нога, иако такво нешто не се случи. И целосно е нејасно зошто полуфинале судат Шпанци, а Шпанија може да игра во финале. Тоа не се случило досега“, порача Метличиќ.