Овој монструозен рекорд на Ѓоковиќ сите го посакуваат: Во оваа сезона може да го сруши само Алкараз


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Првиот тенисер на светот Карлос Алкараз ја отвори сезоната на повеќе од одличен начин, освојувајќи го најпрвин Австралија опен, а потоа и збогатувајќи ја колекцијата трофеи со крунисување во Доха. Тоа го доведува во ситуација барем малку да се надева дека оваа година може да сруши еден од највредните рекорди на Новак Ѓоковиќ.

Имено, Новак во 2011 година успеа нешто неверојатно – од почетокот на сезоната направи 41 победа без изгубен натпревар!

Билансот од 41-0 никој не успеал да го замисли веќе 15 години, а неверојатниот факт е дека токму самиот Новак бил најблиску сам на себе да си го отеме рекордот.

Во првите четири серии на непобедливост се наоѓа токму најдобриот на сите времиња, така што освен таа славна 2011 година, во 2020 успеа да дојде до 26-0, а и во 2013 година стигна до 17-0.

Меѓу „сите овие Новаци“ се најде Рафаел Надал кој во 2020 година, кога самиот Ѓоковиќ поради административни проблеми не можеше да биде на турнирите, состави 20-0.

Овој рекорд се важи од самото воспоставување на АТП турата кое постои 26 години, треба да се нагласи дека пред тоа Џон Мекинро во 1984 година успеа да дојде до 42-0, но тоа не се брои во официјалната статистика.

Сега, Карлос Алкараз има можност барем накратко да го погледне овој фантастичен Новаков рекорд со воведни 12-0, но и Јаник Синер пред две години имаше 16-0 па тука и застана.