Овој навивач е вистински гение: На чудесен начин го предвиде крахот на Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул е познат по тоа што во секоја сезона најавува титула, а никако да дојде до неа.

Откако Премиер лигата се игра под тоа име, Ливерпул никогаш не го освои првото место, а во оваа сезона тргна истата приказна после спектакуларниот триумф над Арсенал на Емирати.

Сепак, „мразителите“ на Ливерпул почнаа да го исмејуваат Ливерпул во смисла дека секогаш титулата ја прогласуваат после првото коло, со исклучок на неименуван фан на Твитер.

Имено, еден од фановите на Ливерпул прогнозираше дека Ливерпул ќе го добие Арсенал, а дека после тоа ќе загубат од Барнли. Му оди прогнозирањето, нема што.