Озил џабе се надеваше: Артета ќе му ги урне сите планови!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Месут Озил, наводно се договори со Фенербахче за трансфер, но очигледно тоа нема да се реализира толку лесно.

Озил има договор до крајот на сезоната со Арсенал, но одамна е отпишан на „Емирати“, а клубот е подготвен да го пушти во зимскиот преоден рок само ако добие примамлива понуда.

„Ако нешто се реши овој месец, тоа ќе биде само ако двете страни се задоволни. Добро да биде за Озил, но и за Арсенал. Ако не се случи тоа, тогаш Озил ќе остане во клубот“, порача Артета.

Претставниците на Озил му договараат ангажман и убедени се дека Арсенал на крајот ќе се согласи да го пушти фудбалерот без отштета.