Озил си заминува од Арсенал и го менува и континентот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Месут Озил веќе три натпревари го нема во поширокиот состав на Арсенал, па јасно е дека тој ќе си ја бара среќата во нов клуб.

За Германецот нема многу заинтересирани тимови со оглед на тоа што тој има висока плата во Арсенал, а неговите настапи не се задоволителни, па никој клуб од поголемитене сака да ги плати неговите барања.

Сепак, има клубови кои се подготвени да издвојат богатство за да го ангажираат 31 годишниот фудбалер. Наводно за Озил постои голем интерес од неколку клубови од МЛС Лигата, а се верува дека доколку Златан Ибрахимоивќ и дефинитивно замине од Галакси, токму Озил ќе биде неговата звучна замена во клубот.