Озил во преговори за заминување од Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот интернационалец и член на Арсенал, Месут Озил би можел да го напушти лондонскиот клуб.

Озил минува низ тежок период, не само поради лошите игри во минатото туку и по најновиот инцидент во кој беше нападнат од вооружени крадци заедно со неговиот соиграч Сеад Колашинац.

Озил на последниот тренинг на Арсенал пристигнал со обезбедување, а околу неговата куќа постојано има полиција која го чува Германецот.

Ваквиот начин на живот веројатно ќе го принуди играчот да побара нова средина,а голем интерес за него има од тимот на ДиСи Јунајтед кој сака голема ѕвезда да го замени Вејн Руни кој од јануари ќе се пресели во Дерби Каунти.