Озил заврши на насловните страни во Германија поради – химната!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Месут Озил си замина од Англија и потпиша за турски Фенербахче, а сега повторно ги наполни насловните страни во Германија. Тој ја напушти германската репрезентација во 2018 година поради расизам, како во рамки на репрезентацијата, така и во целото општество.

Германците сега му замеруваат на Озил што ја пее турската химна во својата нова екипа во Турција.

Турската химна секога се пее во Турција пред поголем дел од спортските натпревари, слично како во САД. Озил, пред еден натпревар на Фенер, евидентно ја пееше турската химна.

Германските медиуми пишуваат дека Озил никогаш не ја пеел германската химна. Тој пак вели дека времето за интонирање на химната го користи за молитва. Тоа објаснување не беше доволно за германските медиуми.