Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот репрезентативец Антоан Гризман наскоро треба да го комплетира трансферот од Барселона во Атлетико Мадрид, каде што во моментов игра на позајмица.
Тимовите се договориле за трансфер на Французинот за 20 милиони евра плус два милиони во бонуси, а тоа е попуст од 50 отсто од страна на Барселона, која претходно бараше 40 милиони евра за Гризман.
Атлетико играше паметно во претходниот период и не го користеше Гризман на повеќе од 30 минути на секој натпревар за да избегне активирање на клаузулата за задолжително откупување на договорот за 40 милиони евра.
Барселона сака да се ослободи од Гризман поради високата плата, а Французинот наводно се договорил за намалување на платата за 30 отсто само за да потпише за Атлетико.