Падна договор: Хозелу ќе го облече дресот на Реал Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид веќе мисли на летниот преоден рок, а прво засилување на екипата треба да биде голгетерот од Еспањол, Хозелу.

Флорентино Перез ќе го врати 33-годишниот Хозелу во Реал Мадрид, кој во минатото беше ѕвезда во младинскиот состав и постигна повеќе голови од Алваро Мората кој му беше партнер во нападот.

Хозелу играше една година и за првиот тим, но настапи само на два натпревари под водство на Жозе Мурињо, по што замина да си ја бара среќата на друго место.