Падна договор: Кејн заминува од Тотенхем!


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Англискиот голгетер Хари Кејн го напушта Тотенхем, откако премиерлигашот најде заеднички јазик со Баерн Минхен.

Баерн ги исполни барањата на тимот од Лондон и за трансферот ќе плати над 100 милиони евра, а Кејн веќе ги договорил личните услови со клубот.

Кејн пред неколку дена кажа дека сака набрзо да се реши неговата иднина и очигледно управите на двете екипи ги интензивираа преговорите за да постигнат договор.

Англичанецот имаше договор со Тотенхем до крајот на сезоната, па ова беше последна шанса да заработат пари од трансфер.