Падна договор: Милан на лето добива големо засилување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новинарот Даниеле Лонго објави на Твитер дека фудбалерот на Лил, Ренато Санчез од следната сезона ќе го носи дресот на Милан.

Португалскиот фудбалер е на листата со приоритети на раководството на Милан и се очекува да го пополни местото кое ќе остане празно со заминувањето на Франк Кеси.

Санчез и Милан постигнале договор, а сега „росонерите“ мора да имаат состанок со Лил за да дознаат колку пари ќе потрошат за трансферот.

Фудбалерот оваа сезона одигра 17 меча во Лига 1, а притоа постигна еден гол и имаше пет асистенции, а ова не е единствен фудбалер кој на лето би можел да се пресели во Милано.

Холанѓанецот Свен Ботман, кој е желба на многу тимови, исто така е на праг да потпише за Милан и наскоро се чека потврда.