Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид би требало да се сретне со репрезентацијата на Бразил во пријателска натпреварување ова лето, известува „Релево“.
Ако мислевте дека сте виделе сè, се лажете. Зашто, Реал изгледа наскоро ќе организира натпревари „под вода“, можат да не дојдат на доделувањето на „Златната топка”, да вршат притисок врз судиите. И сега, баш како кога со друштвото избирате тим случајно, па еден од вас ќе добие клуб, а другиот репрезентација.
Наводно, во договор помеѓу Реал Мадрид, тренерот Карло Анчелоти и селекцијата на Бразил, ќе се игра меѓусебен натпревар помеѓу двата тима. Не би било прв пат тоа да се случи, обично ваквите натпревари се организираат од ревијални причини. Дури и Барселона тоа го направи во 1999 година кога играа против Бразил. Бајерн играше против Германија во чест на отворањето на „Алијанц арената” во 2005 година, а играа и против Холандија во 2012.
Фото: Принтскрин