Падна договор: Реал Мадрид обезбеди засилување за следната сезона!


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид почна со засилувањата за следната сезона, па така познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека нов фудбалер на „кралевите“ ќе биде Фран Гарсија.

Шпанскиот лев бек ќе се пресели во Реал Мадрид од Рајо Валјекано, а документите се веќе подготвени и треба да се потпишат.

„Кралевите“ ќе ја искористат откупната клаузула од 10 милиони евра, но ќе мора да платат дополнителни пет милиони евра за втора клаузула.

Фудбалерот ги договорил условите со Реал, па така се очекува наскоро да го облече дресот на шпанскиот тим.