Падна како „покосен“: Марсело бараше пенал зашто е повлечен за коса! ?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид загуби од Алавес со 1-2, а во шпанскиот тим сметаат дека се оштетени за недосуден пенал.

„Кралевите“ се надеваа на пенал во ситуација кога фудбалерот на Алавес го повлече Марсело за коса, меѓутоа главниот судија на дуелот Адриан Кордеро Вега не се јави.

Марсело добро го загради кога Виктор Лагуардија го повлече за коса, а Бразилецот падна како покосен, меѓутоа не избори пенал.

Поразот од Алавес беше трет меч на Реал Мадрид без победа во Ла Лига и веќе почнаа приказните за можна криза за екипата на Зинедин Зидан.