Падна на теренот, па срцето му застана на 78 минути: По драмата на ЕП е во солзи!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многумина реагираа на страшните сцени од мечот меѓу Данска и Финска, но Фабрис Муамба повторно го преживеа својот кошмар.

Цел свет и понатаму е во шок по инцидентот на мечот, кога Кристијан Ериксен падна на теренот и колабираше, а докторите веднаш тргнаа да му го спасат животот.

Еден од фудбалерите кои беа посебно шокирани е Муамба, поранешен играч на Арсенал, Бирмингем и Болтон, кој во 2012 доживеа нешто слично.

„Бев во солзи во саботата. Ми се врати кошмарот, беше страшно“, вели Муамба.

Додека гледаше како Симон Кјаер го спасува својот соиграч, на него му се вратија сцените од 17 март 2012 година, кога колабираше на теренот додека играше за Болтон во четвртфиналето на ФА-купот.

Кардиологот стигна на мечот, а по драмата беше соопштено дека неговото срце запрело на 78 минути.