Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Во вчерашниот натпревар од 14. коло на англиската Премиер лига, Ливерпул и Њукасл одиграа нерешено 3:3. Мохамед Салах постигна два гола и запиша асистенција во таа пресметка, со што стана рекордер на натпреварувањето. Египетскиот напаѓач на Ливерпул за 37. пат во својата кариера во најсилната англиска лига даде и асистираше за гол во ист натпревар. Досега рекордот го делеше со Вејн Руни, кој тоа го направи 36 пати. Руни го држеше рекордот од јануари 2016 година.
Салах му требаа 214 натпревари помалку од легендарниот стрелец на Манчестер Јунајтед и Евертон за новиот рекорд. Го постигна во својот 277. натпревар во Премиер лигата. Целата кариера во Англија Салах ја мина во Ливерпул, за кого одигра вкупно 370 натпревари, постигна 226 и асистираше за 101 гол. Во оваа сезона е водечки стрелец (13) и втор асистент на натпреварувањето (8).
Руни е најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед со 253 гола од 559 натпревари. Во дресот на великанот од Олд Трафорд запиша и 139 асистенции.