Падна потпис од 100 милиони евра: Лапорта ги возбуди навивачите на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона досега ангажираше неколку врвни фудбалери кои треба да ги регистрира во следниот период, а очигледно и тој проблем е надминат, како што кажа претседателот на клубот Жоан Лапорта.

Лапорта на изненадување на сите кажа дека потпишал договор вреден 100 милиони евра, па сега Барселона може да ги регистрира новите засилувања.

„Продадовме 25 отсто од ТВ-правата и дел од Барса Студио за 100 милиони евра. Испраќаме пораки со оптимизам и самодоверба. Потпишавме договор кој ќе ни овозможи да ги регистрираме новите засилувања“, кажа Лапорта.

Првиот човек на клубот кажа дека во моментов работи на продажба на непотребните фудбалери.