Падна првата глава во Премиер лигата: Грасија доби отказ, познато име се враќа во Вотфорд


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вотфорд му врачи отказ на својот досегашен предводник Хави Грасија по катастрофалниот старт на сезоната по кој во првите четири кола освоија само еден бод.

Тренерот кој беше одличен минатата сезона, издржа само четири кола и сега ќе биде слободен, а него ќе го замени Кике Санчез Флорес .

Кике Санчез Флорес се враќа во клубот од „Викариџ Роуд“ откако претходно го водеше во нивната прва сезона по враќањето во Премиер лигата во 2015/16 година кога заврши на средината на табелата.