Падна првата „жртва“ во Премиерлигата: Уште не почна сезоната, а веќе го избркаа од клубот!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Вулверхемптон соопшти дека повеќе нема да соработува со тренерот Хулен Лопетеги, кој го презема тимот во ноември 2022 година и ја заврши сезоната на 13. место во Премиерлигата.

Лопетеги по отказот кажа дека му било чест да ужива во авантурата во клубот.

„Сакам да им се заблагодарам на фудбалерите, кои секогаш даваа максимум за да ги оствариме нашите цели, а посебно на навивачите кои уште од првиот ден ми помогнаа да се прилагодам“, кажа Лопетеги.

Спортскиот директор на тимот, Матс Хобс му посака среќа на Лопетеги и призна дека имале несогласувања на некои важни теми, поради кои се договориле да се разделат.