Падна рекорд стар 71 година: Меси испиша историја на првиот меч на Копа Америка


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Аргентина славеше со 2-0 против Канада на почетокот на Копа Америка, а головите ги постигнаа Алварез и Лаутаро Мартинез, додека Лионел Меси постави рекорд на дуелот.

Меси урна рекорд по број на настапи на Копа Америка и го надмина легендарниот чилеански голман Серхио Ливингстон, чиј рекорд беше поставен во 1953 година.

Ѕвездата на Интер Мајами го имаше своето деби на Копа Америка на 20-годишна возраст, додека го освои турнирот во 2021 година, а притоа постигна 13 голови и 17 асистенции на турнирот.