Падна рекордот на Јокиќ: Кошаркар на Бостон го потпиша најголемиот договор во историјата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарот на Бостон селтикс, Џејлен Браун денеска го потпиша најголемиот договор во историјата на спортот, откако ја продолжи соработката со својот тим на уште пет сезони и ќе добие 304 милиони долари.

Интересно е тоа што Браун не е најголема ѕвезда во тимот, туку тој статус го има Џејсон Тејтум, кој очигледно ќе биде нов рекордер откако ќе потпише договор.

Браун со новиот договор го урна досегашниот рекордер Никола Јокиќ, кој беше на врвот со плата од 276 милиони долари.

Ѕвездата на Бостон минатата сезона во просек постигнуваше по 26,6 поени, а новиот договор ќе почне да важи од следната сезона.