Падна уште една важна одлука во Премиерлигата пред продолжение на сезоната!

Англискиот новинар Дејвид Орнштајн објави дека Премиерлигата донела одлука за бројот на измени во тек на еден натпревар во најсилната лига на Островот.

Познато е дека УЕФА им дозволи на тимовите да прават по пет измени на натпревар, за да се намали ризикот од повреди на фудбалерите.

Германците тоа го практикуваат, а истото правило ќе го користат и Шпанците и Италијанците, по што решија и Англичаните да го следат нивниот чекор.

Состанокот на акционерите на Премиерлигата заврши, а на него биле дозволени по пет измени на еден натпревар.

Исто така, клубовите за натпреварите ќе може да регистрираат по 20 фудбалери.