Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот премиерлигаш Челси летово потроши 278 милиони евра на засилувања, но притоа реши да ги зачува и дел од фудбалерите, а денеска потпиша договор со Рис Џејмс до 2028 година.
Џејмс е еден од најважните фудбалери на Челси, како и иден капитен на тимот според легендарниот Џон Тери, а раководството реши навреме да го обезбеди неговиот потпис.
„Челси со задоволство ви соопштува дека Џејмс потпиша нов, шестгодишен договор со нашиот тим“, соопштија од екипата од Лондон.
Англискиот репрезентаитвец досега настапи на 128 меча за Челси во сите конкуренции и постигна 10 гола, но и 29 асистенции, а беше дел и од составот кој ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) пред две сезони.