Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Одредени се нови термини на одложените натпревари од 26 коло, кои дополнително ќе бидат надокнадени во претстојниот викенд.
Организаторите на Серија А решија натпревари воопшто да не се играат во саботата, па пет меча ќе бидат одиграни во недела, додека еден во понеделник.
Програмата од 12.30 ја отвораат Парма и СПАЛ, по што играат Милан – Џенова и Сампдорија – Верона од 15 часот, а од 18 часот ќе играат Удинезе и Фиорентина.
Дербито на колото меѓу Јувентус и Интер се игра од 20.45 часот, а колото ќе биде затворено во понеделник со средбата меѓу Сасуоло и Бреша.
Во среда, на 18 март се играат останатите дуели од 25. коло од Серија А. Од 18.30 ќе се пресметаат Аталанта – Сасуоло, Верона – Калјари и Торино – Парма.
Пак промени поради коронавирусот: Одредени термините на одложените дуели во Серија А