Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот репрезентативец Кол Палмер е без конкуренција најдобар поединец во тимот на Челси оваа сезона.
Палмер пристигна минатото лето од Манчестер сити, но набрзо стана лидер во екипата и затоа управата реши да го награди.
Раководството на гигантот од Лондон планира двојно да му ја зголеми платата, и тоа од 75.000 фунти неделно на дури 150.000 фунти.
Тоа е зголемување за 100 отсто, а сигурно премиерлигашот ќе додаде и одредени бонуси во неговиот договор.
Палмер оваа сезона настапи на 37 меча, а притоа постигна 16 голови и 12 асистенции во сите натпреварувања.