Палмер пред трансфер каков што светот досега не видел во историјата


Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Ѕвездата на Челзи, Кол Палмер, е поврзан со шокантно заминување од Стемфорд Бриџ во трансфер што би го соборил светскиот рекорд.

Палмер има 23 години и во Челзи пристигна од ривалот од Премиерлигата, екипата на Манчестер Сити за околу 50 милиони евра.

Недоамна, Палмер постигна два гола во победата на Челзи против Пари Сен-Жермен во финалето на Светското клупско првенство.

Освен Палмер, еден гол додаде и новиот играч на Челзи, Жоао Педро, и овој тим на крај славеше со 3:0 против ПСЖ на стадионот МетЛајф во Њу Џерси.

Сега се појавија шокантни вести кои велат дека Палмер би можел да го напушти Челзи и да го собори светскиот рекорд.

Како што тврди шпанскиот „Фичахес“, шефовите на ПСЖ одлучија да направат амбициозен план и да го доведат Палмер во својата екипа.

Наводно, челниците на Пари Сен-Жермен подготвиле историска понуда од дури 250 милиони евра за овај фудбалер.

Во моментов светскиот рекорд изнесува 222 милиони евра и го плати токму ПСЖ, во 2017 година кога го доведоа Нејмар од Барселона.

Од Челзи, наводно, не размислуваат за продажба на Палмер, но се поставува прашањето што ќе се случи ако на нивната адреса стигне официјална понуда од дури 250 милиони евра.

Фото: Принтскрин