Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев во интервју за „Спорт клуб“ кажа дека ќе навива за Србија и Хрватска на Светското првенство (СП) во Катар.
Панчев му испрати порака на селекторот на Србија, Пикси и му го кажа „рецептот“ за победа против Бразилците.
„Против Бразил ќе одиме директно во чело, знам што е потребно. Еден од чекорите е задолжително гледање на филмот „Монтевидео, Бог те видео“. Не мора да го потсетувам Пикси, го знае тоа. Нека го гледаат мечот и нека дознаат како се победува Бразил“, кажа Панчев.
Србија е во група со Бразил, Камерун и Швајцарија.