Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Легендата на Црвена Звезда, Дарко Панчев, изрази големо огорчување по поразот на неговиот поранешен клуб од Милан со резултат 1:2, обвинувајќи го Западот за лицемерен однос кон клубовите од Источна Европа.
Според него, неправедното судење на овој натпревар само ја потврдува дискриминацијата што, како што вели, ја трпат клубовите од овој регион.
– Правдата, за жал, не можеме да ја најдеме, таа тргна по својот пат. Да се случеше тоа во финишот во шеснаесетникот на италијанскиот претставник, сигурно ќе се досудеше фаул, нема ни да одеше во ВАР собата. Толку за чесноста. Значи, лицемерието што Западот го покажува кон клубовите од Истокот доби нова потврда и нова димензија, играч на Милан го турна ривалот од Ѕвезда… Играв фудбал, знам што е телесен контакт, знам и што е фаул. Ма, срам, срамота! – јасен е во изјавата за СК Дарко Панчев.