Панчев: Ме бараше Фергусон во Јунајтед, но јас сакав да се докажам во Интер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев во интервју за „СпортБазер“ зборуваше за различни теми, а една од нив беше Сер Алекс Фергусон и Манчестер јунајтед.

Панчев по одличните настапи за Црвена Звезда се пресели во Интер каде што не се прослави и постигна само два гола за „нераѕурите“.

„Во тоа време имав многу понуди, но го избрав погрешниот тим. Интер имаше просечен состав и беше во сенка на Милан. Добив понуда од Фергусон, но не ја прифатив затоа што сакав на Италијанците да им покажам дека можам да успеам во Серија А. Тоа беше глупост“, кажа Панчев.

Интер потоа го испрати Панчев на позајмица во германски Лајпциг, а потоа играше во Фортуна Дизелдорф и Сион.