Панчев: Минимален пораз на Ц. Звезда кај Сити ќе биде одличен резултат!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Црвена Звезда вечерва гостува кај актуелниот европски шампион Манчестер сити, а македонската легенда Дарко Панчев даде коментар за неговиот поранешен клуб.

Панчев смета дека Ц. Звезда има мали шанси кај „граѓаните“, а дури и да биде поразена со минимален резултат, тоа ќе биде успех за српската екипа.

„Шансите на Ц. Звезда против Манчестер сити се мали. Јас кога би бил тренер би играл со силен среден ред и еден напаѓач. Да се загуби чесно, а не со пет-шест разлика мислам дека е одличен резултат. Не е неуспех да се загуби од ваков тим“, кажа Панчев.

Поранешниот македонски напаѓач даде пофалби и за Ерлинг Халанд.

„Халанд е неверојатен стрелец, ако тимот игра и создава шанси, тогаш тој ќе постигнува голови“, вели „кобрата“.