Пандев: Ако не ја подобриме лигата, Македонија ќе игра на ЕП еднаш на 50 години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски напаѓач Горан Пандев смета дека без силна лига, Македонија не може да има силна репрезентација.

Македонија доживеа два порази во јунскиот циклус, кога загуби од Украина со 2-3 и Англија со 0-7.

„Не сме навикнати на критики и одговорност. Мора сите да размислуваме во еден правец. Ако имаме слаби лиги, Македонија ќе игра на Европско првенство еднаш на 50 години. Не сакаме да чекаме да поминат толку години за да се пласираме на големо натпреварување. Поразите од Англија и Украина нè болат“, вели Пандев.