Пандев доби понуда: Може да остане колку сака кај нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев доби понуда да остане во Џенова, иако веќе неколку пати кажа дека сака да ја заврши кариерата со настап со Македонија.

Доколку се пласира Македонија на Европско првенство, ќе треба да игра дури догодина, иако прво за годинава беше закажан турнирот, но поради коронавирусот се одложија плановите.

Првиот човек на Џенова, Енрико Прециози кажа дека Пандев може да остане и следната сезона доколку сака.

„Минатиот пат кога се сретнавме го прашав дали сака да игра на Европското првенство? Може да остане со нас колку сака. Пандев е еден од најпрофесионалните фудбалери кои сум ги сретнал. Тој остави голема трага кај нас“, кажа првиот човек на Џенова.

Пандев сезонава за Џенова настапи на 22 меча и постигна седум погодоци.