Пандев добил неколку понуди, но откри зошто решил да се пресели во Џенова


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев веќе четврта година со успех го носи дресот на Џенова, но полека доаѓа крајот на неговата кариера.

Пандев пред мечот против Сампдорија за италијанските медиуми откри зошто решил да го облече дресот на Џенова.

„Џенова е најстариот италијански клуб, ова е важен тим во Италија. Се чувствувам посебно кога ќе постигнам погодок. Кога го напуштив Галатасарај, добив неколку понуди, но не размислував премногу и решив дека Џенова е најдобриот избор за мене. Една од причините беше атмосферата на натпреварите“, вели Пандев.

Пандев досега одигра 88 натпревари за Џенова и постигна 12 голови, а претходно има настапувано уште за Лацио, Интер и Наполи во италијанското првенство.