Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот украински фудбалер Андриј Шевченко изржа само два месеци на клупата на Џенова, но најверојатно ќе добие отказ затоа што екипата има лоши резултати и остана на претпоследната позиција.
Џенова загуби и вчера во директната битка со ривалот за опстанок, Специја со 0-1, па така тимот на Горан Пандев освои само три бода на последните девет дуели, што е малку ако сака да избори опстанок во Серија А.
Засега не е познато кој ќе биде замената за Шевченко на кормилото на Џенова, доколку управата реши да го отпушти.
Шевченко беше селектор на Украина, која ја предводеше до четвртфинале на Европското првенство, а успеа да ја победи Македонија со 2-1.