Пандев: Фудбалерите треба да добијат споменици, а не пасоши!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот капитен на Македонија, Горан Пандев испрати порака до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако тој им вети дека ќе додели дипломатски пасоши на сите фудбалери ако обезбедат место на Мундијалот.

Александар Трајковски, Енис Барди и селекторот Благоја Милевски добија пасоши од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, откако ја шокираа Италија сред Палермо со 1-0.

Пандев, кој настапува за Парма, испрати порака преку социјалните мрежи која имаше јасна порака до политичарите.

„Смешен си и жален господине, гледај си ја политиката и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, порача Пандев.