Пандев: Година исполнета со емоции за Џенова, но сега е време за ЕП со Македонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев преку профилот на Инстаграм испрати порака до навивачите на Џенова, како и до клубот за тоа што го минале во претходниот период.

Пандев летово ќе настапи со Македонија на Европското првенство (ЕП), а засега не е познато дали ќе ја заврши кариерата по големото натпреварување, иако имаше такви шпекулации.

„Година исполнета со многу емоции за мене и за Џенова како клуб. Обезбедивме опстанок, 100 гола во Серија А, 150 настапи во овој дрес. Би сакал сега да сум со вас, навивачи на Џенова во овој момент и оваа радост заедно да ја споделиме. И ја посакувам сета среќа на Џенова во иднина, сега е време за Европското првенство со Македонија“, напиша Пандев на неговиот Инстаграм профил.