Пандев и другарите ја одбија премијата од 40.000 евра од ФФМ

Фудбалските репрезентативци на Македонија одиграа многу добар натпревар против Романија во квалификациите за Светското првенство (СП) во 2022 година, но беа поразени со 2-3.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) сакаше да им подели премии за настапот во висина од 40.000 евра, но македонскиот капитен Горан Пандев и останатите ја одбиле наградата.

„40.000 евра нека си поделат членовите на сојузот меѓу себе или нека направат нешто друго со парите. Ние разговаравме меѓу себе и ниту еден играч не се согласи на оваа премија. Ние за пораз не сакаме пари“, кажа Пандев.