Пандев испрати порака до навивачите на Џенова 📸


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Горан Пандев ќе игра и следната сезона во екипата на Џенова, по што најверојатно ќе замине во пензија.

Пандев ја заврши репрезентативната кариера со завршување на натпреварувањето на Македонија на Европското првенство.

Македонскиот фудбалер сега реши да испрати нова порака до навивачите на Џенова за тоа што му помогнале да решат што е најдобро за него.

„Во сабота е почетокот на Серија А и горд сум што повторно ќе играм за Џенова. Им се заблагодарувам на претседателот, клубот, тренерот, стручниот штаб, моите соиграчи и сите навивачи. Ви благодарам на секој од вас за пораките“, напиша Пандев.