Пандев ја однесе Македонија на Европско првенство!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Финале се игра за да се победи, а токму тоа можевме да го видиме и во овој историските натпревар.

Во првите 20 минути скоро и да не видовме ниту една шанса на двете страни, ние имавме два-три обиди преку контри, но не влеговме во 100% шанса. Велковски направи грешка во 26. минута и Грузија имаше контра, шутираше Окриашвили, а Димитриевски без проблем го скроти првиот удар воопшто на натпреварот. Четири минути подоцна Окриашвили имаше уште еден удар, кој за среќа не беше прецизен.

Првата голема шанса ние ја имавме во 34. минута кога Пандев шутираше со глава, но грузискиот голман успеа да одбрани, а топката заврши во корнер. Ова воедно беше и најголемата шанса до тој момент на натпреварот.

По нашиот добар период од 6-7 минути, Грузија имаше иницијатива, меѓутоа без некоја посериозна шанса за гол. На полувреме заминавме без голови.

Во второто полувреме видовме многу подобра Македонија на теренот. Ние бевме репрезентацијата која го диктираше темпото, Грузија скоро и да не создаде посериозна прилика, тоа што го имаа беше по некои наши ситни грешки.

Ерупција од радост кај нас донесе најголемиот – ГРАНДЕ ПАНДЕВ. По една одлична акција со Несторовски и Елмас Пандев ја погоди мрежата на Грузијците за огромна радост.