Пандев кажа кој ќе биде шампион во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски капитен Горан Пандев во разговор со италијанските медиуми ги кажа неговите импресии по првите седум кола во Серија А.

Наполи го презема врвот во калчолигата по победата против Милан, а Јувентус разочара на стартот, исто како и Интер.

Пандев во разговор со „Газета дело Спорт“ кажа дека се радува на возбудувањата и смета дека е добро тоа што се израмнети екипите.

„Ова е најизедначена трка во Серија А во последните години. Рома и Лацио никогаш не биле толку силни во последно време. Сепак, јас мислам дека Интер е најсилен тим во моментов. Мислам дека Симеоне ќе го поправи тоа од минатата сезона и ќе го освои Скудетото“, кажа Пандев.