Пандев: Ќе биде тврд меч со Италија, се надевам на триумф на Македонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев кажа дека верува во победа на Македнија во баражот на 24 март во Палермо против Италија.

Пандев се повлече од репрезентацијата по завршувањето на Европското првенство (ЕП), а тоа е дефинитивно олеснување за селекторот на Италија, Роберто Манчини.

Пандев беше гостин во емисија во која добиваше онлајн прашања, а еден италијански навивач му го постави прашањето кој ќе го победи во баражот.

„Се надевам Македонија, ќе навивам. Но, сепак знам дека ќе биде тврд и тежок натпревар во кој може се да се случи“, кажа Пандев.