Пандев ќе добие нов договор од Џенова?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џенова му нуди договор на уште една година на македонскиот фудбалер Горан Пандев, откако тој неодамна стави крај на репрезентативната кариера во македонскиот дрес.

Пандев го одигра последниот меч за Македонија во дуелот против Холандија, но очигледно нема да ја заврши и кариерата во Џенова, каде што настапува веќе шест години.

Калчолигашот му понудил договор на уште една година, па се поставува прашањето дали доскорешниот капитен на Македонија ќе ја одложи својата пензија за следната година, иако планираше да го направи тоа по крајот на Европското првенство.

Тренерот Давиде Балардини пред неколку дена кажа дека му е потребен Пандев во тимот и побара од него да потпише договор барем на уште една година затоа што ги знае квалитетите на македонскиот фудбалер.