„Пандев ќе игра уште една година во Џенова“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Горан Пандев се пензионираше од репрезентативниот дрес по Европското првенство, но остана дилемата дали ќе продолжи да игра во Џенова и следната сезона.

Пандев во моментов е слободен фудбалер, а за неколку дена ќе го прослави неговиот 38. роденден, но сепак неговиот соиграч Франческо Касата вели дека македонскиот фудбалер ќе игра барем уште една година.

„Пандев и јас имаме одличен однос. Моја желба е да остане затоа што тој за мене е како татко. Има одлични совети и им помага на помладите. Колку што знам, тој сака да игра уште една сезона и да се збогува со навивачите на трибини“, вели Касата.