Пандев ќе одигра меч со легенди како Дида, Ривалдо, Стоичков и други (Фото)


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Македонската фудбалска легенда Горан Пандев денеска ќе настапи како дел од „тимот на светот“ во Букурешт, а противник ќе им биде златната генерација на Романија од 1994 година.

Пандев ќе настапи на теренот со легенди како Дида, Ривалдо, Стоичков и други, додека на спротивната страна ќе бидат Петреску, Димитриеску и други романски играчи.

Славната генерација на Романија на Светското првенство во 1994 година стигна до четвртфиналето.