Пандев: Македонија нема што да загуби на ЕП!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Горан Пандев постојано добива барања за интервју од светските медиуми, кои се обидуваат да извлечат некоја информација повеќе пред настапот на Македонија на Европското првенство (ЕП).

Македонија во јуни следното лето го почнува настапот на ЕП, а се наоѓа во група заедно со Австрија, Украина и Холандија, а во интервју за „Ал Џазира Балкан“ зборуваше за шансите на Македонија.

„Предност во нашата група имаат Холандија, Украина и Австрија. Ние ќе играме опуштено затоа што нема што да изгубиме, можеме само да добиеме. Се надеваме дека ќе освоиме некој бод и ќе се претставиме во што е можно подобро светло“, вели Пандев.

За Пандев Холандија е помеѓу најголемите кандидати за освојување на трофејот, а ги спомена уште Белгија, Италија…

„Во Италија сум долги години и знам дека сега се вратија на големата сцена, имаат млада и квалитетна репрезентација која има што да покаже. Португалија и Холандија се одлични репрезентации и мислам дека ќе се борат за освојување на ЕП, Белгија секако е тука. Белгијците имаат репрезентација која долги години игра заедно и можеби се и главен фаворит. Во Хрватска има еден вид смена на генерации, но никако не смеат да се отпишат“, кажа македонскиот фудбалер.

Целото интервју на Пандев – тука.