Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Горан Пандев во интервју за италијанските медиуми објасни зошто решил да ја напушти Џенова и да потпише за Парма до крајот на сезоната.
Пандев е една од најголемите легенди на Џенова, но и италијанскиот фудбал, па неговата разделба со екипата не беше како што се очекуваше.
„Навистина ме боли разделбата со Џенова, не можев да заспијам четири дена по трансферот во Парма. Кога дојдов на стадионот, видов дека луѓето се среќни што си заминувам. Ми беше жал, но видов дека е готово. Забележав дека сакаат да се ослободат од ‘проблемот’, кога им кажав дека имам понуда од Парма“, вели Пандев.
Македонецот кажа дека по оваа сезона ќе заминам во пензија.
„Требаше да ја завршам кариерата по Европското првенство, меѓутоа згрешив. Сепак, сега е готово, нема да играм на мечот меѓу Италија и Македонија во баражот“, кажа поранешниот капитен на македонската репрезентација.