Пандев: Мора да му се посвети повеќе внимание на женскиот фудбал во Македонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот капитен Горан Пандев е подготвен заедно со неговите колеги од репрезентацијата за предизвикот наречен Европско првенство (ЕП) на кое ќе настапиме за првпат во историјата.

Пандев денеска беше на панел дискусија за родова еднаквост во фудбалот и кажа дека мора да се посвети повеќе внимание на женскиот фудбал во Македонија.

„Женскиот фудбал во Италија оди во нагорна линија. Италијанците го гледаат женскиот фудбал исто како и машкиот. Многу внимание се посветува на него. Треба и ние во Македонија да посветиме внимание во развојот на женскиот фудбал. Затоа мора да гледаме и женски фудбал“, вели Пандев.