Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот напаѓач Горан Пандев за првпат во кариерата ќе игра против Жозе Мурињо, и тоа на дуелот меѓу Џенова и Рома.
Пандев пред натпреварот против Рома даде кратко интервју за италијански „Скај“ и имаше само пофални зборови за Мурињо.
„Мурињо ја промени мојата перспектива, кога заминав од Лацио, ме побара и праша дали сакам да играм во ИНтер. За мене тоа беше сон“, вели Пандев.
Поранешниот македонски репрезентативец кажа дека доаѓањето на Андриј Шевченко е добар потег за тимот.
„Доаѓањето на Шевченко ги покажува амбициите на клубот. Станува збор за роден шампион, кој беше одличен со Украина на Европското првенство“, кажа македонскиот фудбалер.