Пандев: На Панчев му е мака затоа што Македонија играше на ЕП и бараж за Мундијал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од најголемите македонски легенди, Дарко Панчев кажа за германските медиуми дека Горан Пандев имал голем придонес во репрезентацијата, меѓутоа тој бил дел и од составот кој загубил од Андора.

Оваа изјава на Панчев го „пецна“ Пандев, кој реши да возврати и во изјава за „Фокус“ кажа дека на Панчев му е мака затоа што оваа репрезентација на Македонија заиграла на Европското првенство (ЕП) лани, како и на баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

„Немам што да кажам. Се гледа дека на човекот му е мака затоа што Македонија играше на Европско првенство и бараж за Светско првенство“, вели Пандев за „Фокус“.